Македонскиот тенисер Томислав Јотовски на најновата АТП ранг листа го има својот најдобар ранг во кариерата и се наоѓа на 720 место.
Јотовски има скок од 49 позиции, а впишани му беа новите шест поени освоени со полуфиналето минатата недела во Египет. Јотовски сега има вкупно 31 поен.
Најдобро рангиран македонски тенисер е Димитар Грабул, се наоѓа на 513 место со 67 поени и нема промена на ранг листата.
Мал пад имаат другите наши тенисери: Шендрит Деари – 1.139 место (7 поени) пад 3 места; Бесир Дургути – 1.506 место (3 поени) пад 6 места и Стефан Мицов – 2032.место (1 поен) пад 5 места.