Станислас Вавринка е првиот финалист во Монте Карло откако попладнево во дуелот од полуфиналето на Мастерсот го совлада Давид Ферер кој во претходната рунда го исфрли најголемиот фаворит за титулата Рафаел Надал.
Конечниот резултат по сетови беше 6:1 и 7:6.
Во другото полуфинале кое ќе започне набргу се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.