Јацењук: Крим беше и ќе биде украински

Од:

Украинскиот премиер, Арсеиј Јацењук во Врховната рада изјави дека Украина под никакви околности нема да се согласи со руска анексија на Крим и дека ќе продолжи со политички и дипломатски напори да работи на негово враќање.

-Тие украдоа наш имот. Тоа е нашиот Крим, Јалта, нашето море, наша територија, Владимир Владимирович Путин. Со почит кон Крим, заедно со меѓународната заедница ќе ја продолжиме борбата за враќање на Крим, политички и дипломатски, како што тоа го направивме во ОН со Советот за безбедност на ОН, рече тој.

Тој заклучи дека мора да бидат искрени и отворени и дека кримското прашање тешко ќе биде решено.

-Но мора да бидеме сигурни дека во текот на нашиот живот модерната украинска историја ќе напише дека оние кои го зазедоа Крим ќе бараат прочка од украинскиот народ и дека Крим беше, е и ќе остане украински – нагласи тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски