Тимошенко бара американскиот Конгрес воено да и помогне на Украина

Од:

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко која што е кандидат за претседателските избори, апелираше американскиот Конгрес да и даде воена помош на Украина, објави прес службата на нејзината партија.

Таа апелира американскиот Конгрес „да ги преземе сите можни чекори за поддршка на Укриана и одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, пренесе „Итар-Тас“.

sad-kongres

Поранешната украинска премиерка наведува дека на нејзината држава и е потребна целосна помош, вклучувајќи ја одбрамбената технологија, системите за противавионска одбрана, како и обука за воени специјалисти. Меѓутоа и покрај апелот таа ги поздрави резултатите од преговорите помеѓу претставниците на Украина, Русија, САД и ЕУ во Женева како „прв чекор во вистинска насока“.

Тимошенко се изјасни во прилог на реформите на локалните власти и нивната самостојност и овозможување на подобар статус на рускиот јазик, за што се потребни промени во уставот. Таа ја подржа и идејата за финансиска независност на украинските региони. Во тек на престојот во Доњецк, Тимошенко се сретна со членовите на батаљонот на доброволци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“