Албански имам поттикнувал млади Косовци да се борат во Сирија

Од:

Жителите на косовскиот регион Дреница го обвинија имамот Кастриот Дука, кој по потекло е од Албанија, за индоктринација и поттикнување на исламските верници да одат во војна во Сирија, јави дописникот на МИА.

Според косовските медиуми, дел од верниците не се исплашени од законот на владата во Приштина, со кој секој кој војува надвор од земјата ќе биде казнет со 15 години затвор, туку и натаму потпаѓаат под влијание на имамот и заминуваат за Сирија.

Тие наведуваат дека од подрачјето на Дреница десеттици млади заминале да војуваат во Сирија.

Командирот на полициската станица во Дреница, Басри Дурмиши вели дека полицијата има официјални податоци дека петмина жители на Србица војуваат во Сирија, но не негира дека овој број може да е неколкупати поголем.

Жителите од оваа косовска област за ова го обвинуваат имамот Џемаил од џамијата во село Марин, кој е државјанин на Албанија и чие вистинско име е Кастриот Дука, кој е прогласен за персона нон грата, но тој сепка повотрно се вратил во Косово, наведуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе