Ферер го елиминира Надал во два сета

Од:

Шпанскиот тенисер Давид Ферер направи големо изненадување откако денеска во четвртфиналето од Мастерсот во Монте Карло го елиминира првиот светски рекет и сонародник Рафаел Надал.

Мечот во два сета го доби Ферер со 7:6 (7:1) и 6:4 за 2 часа и 14 минути. Во изедначениот прв сет Ферер, иако го загуби првиот поен во тај брекот успеа да ги добие следните седум и да поведе со 1:0 во сетови, а во вториот сет оствари предност од еден берјк што беше решавачка за добивање на сетот воедно и на мечот.

Ова за Ферер е прва победа против Надал на земјен терен по пауза од 10 години (Штутгарт 2004 година).

Негов ривал во полуфиналето утре ќе му биде Стаислас Вавринка од Швајцарија, кој со 2:0 (7:6 и 6:2) во сетови го победи Милош Раониќ од Канада.

Во другите два четвртфинални меча, кои се играат попладнево двојките се: Рожер Федерер против Жо Вилфред Цонга и Новак Ѓоковиќ против Гиљермо Гарсија – Лопез.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ