Триесетина левичарски бунтовници на Филипините го положија оружјето

Од:

Триесетина припадници на НПА, вооруженото крило на Филипинската комунистичка партија, која води оружена борба со армијата и полицијата од 1969 година, денеска се предадоа и го положија оружјето.

Според армиски извештај, се предала цела чета, на чело со командантот, кој бил еден од популарните водачи на вооружениот отпор на југот на филипинскиот архипелаг.

Портпаролот на филипинската армија тврди дека во последниве шест месеци од вооружен отпор на властите се откажале 144 од вкупно четирите илјади припадници на НПА.

Властите се обидуваат да докажат дека повеќедецениската вооружена борба станува бесцелна, особено по понудата за безусловен прекин на непријателствата од мај минатата година. Меѓутоа, извори блиски до НПА тврдат дека последните случаи на откажување од борбата не значат и крај на НПА, особено поради тоа што во централните области на Филипините и во околината на главниот град Манила расте бројот на симпатизерите и на оние кои го земаат оружјето „за остварување на правата на сиромашните“.

Филипинските власти тврдат дека НПА ја ужива поддршката на Кина, но аналитичарите тврдат дека финансиската и логистичка поддршка за НПА доаѓа од Европа, најмногу од скандинавските земји и Холандија.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати