СДСМ побара поддршка од граѓаните на Кочани

Од:

Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски вчера вечер на митингот во Кочани ги повика граѓаните масовно да излезат во вториот изборен круг и да го поддржат во трката за претседател на Република Македонија.

– Триста и триесет илјади гласови се солидни, но не се доволни. Затоа во вториот круг таа бројка да ја удвоиме, да ја направиме 500 илјади гласови, рече Пендаровски.

Пред кочанчани се обрати и лидерот на СДСМ Зоран Заев велејќи дека никој од надвор нема да дојде да и помогне Македонија.

– Затоа мораме ние заедно да го направиме тоа. Македонскиот народ ќе се избори за слобода, демократија и подобар живот на сите во Македонија, додаде Заев.

Тој на митингот во Кочани им се обрати и на гласачите Албанци, но и на политичарите.

– Ова е заедничка земја. Бев и во места каде доминантно живее албанско население. Велат соживот има, живот нема. Се жалат на истите проблеми. Сиромаштија, крпење ден за ден. Сиромаштијата не бира националност, верска припадност, таа е иста за сите. Затоа дозволете им на луѓето да гласаат како што чувствуваат и да изберат промени кои ќе им го подобрат животот, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“