Канада испраќа шест борбени авиони CF-18 и 20 луѓе во Европа со цел зајакнување на готовноста на НАТО сојузот.
Одлуката денеска ја објави канадскиот премиер Стивен Харпер и во неа се прецизира дека тие ќе работаат во седиштето на НАТО во Брисел.
– Со ова, заедно со нашите сојузници ја признаваме потребата од зголемување на безбедноста во Централна и Источна Европа, се вели во соопштението.
Во соопштението се истакнува строга осуда на „руската илегална окупација на Украина и агресивните воени провокации“ и се повторува „поддршката на народот на Украина“.