Пронајдени се телата на двајцата работници на Македонски железници Инфраструктура, што денеска претпладне паднале од Железничкиот мост кај Јурумлари, во водите на реката Вардар.
Од МЖ Инфраструктура велат дека работниците вршеле реконструкција на мостот на пругата Скопје-Драчево, каде се врши замена на праговите. Во моментот на несреќата, според МЖ Инфраструктура, работниците ја носеле потребната заштитна опрема.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата и во тек се активности за утврдување на причините за падот и смртта на работниците.