Подобар животен стандард – приоритет за ГРОМ

Од:

Денеска, караванот на коалицијата ГРОМ, на чело со лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски ги посети жителите од населбите Жданец, Карпош 3, Нерези, Чаир и Аеродром.

На средбите, преку непосредни разговори, Јакимовски се запозна со актуелните состојби и случувања со кои секојдневно се соочуваат жителите од во овие населби од изборните единици 1 и 2, како и со нивните согледувања за политиката што се води на ниво на целата Република.

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, пред присутните, ја претстави изборната програма на ГРОМ, која нуди решенија за проблемите со инфраструктурата во општините во главниот град, а кои ќе го подобрат животниот стандард.

-Да се потрудиме да создадеме услови за сите граѓани на Република Македонија да живеат подобро. Прекрасно е што во општина Карпош имаме соживот со останатите етнички заедници, добри инфраструктурни проекти, услови за општествена надградба како што е спорт, култура, образование, но претендираме тоа што го имаме во Карпош да го пренесеме секаде во Македонија и, што е најважно, да царуваат граѓанските права и слободи за сите граѓани. Нашата цел е да охрабриме што е можно повеќе граѓани и да се избориме тие да го користат своето право на политичко изразување – истакна претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on