Парнарџиева-Змејкова на работилница со пензионери во Радовиш и во посета на општина Конче

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова денеска учествуваше на едукативна работилница со пензионери во Радовиш и ја посети локалната самоуправа во Конче.

Таа изјави дека работилниците ги почнале пред еден месец, а веќе реализирале пет.

– Денеска нашиот раководител на правниот сектор ќе објасни кои се правата од здравственото осигурување, како нашите осигуреници со фокус на пензионерите да си ги остварат, потоа правата за рехабилитација, за рефундација на лековите, обврска на матичниот лекар кон пациентот, односно кон осигуреникот, обврската на аптекарот кон осигуреникот, кои се оние права кои можат да ги добијат во Здравствен дом, во Болница, рече Парнарџиева-Змејкова.

Посочи дека на денешната средба со пезнионерите го претставиле и новиот проект кој се однесува за поголема превенција на осигурениците од кардиоваскуларните заболувања, бубрежната слабост и дијабетесот.

Парнаџиева-Змејкова додаде дека новина е и тоа што во општина Конче пред еден месец почнала да функционира и првата стоматолошка ординација, а од 1 мај во таа рурална општина ќе почне да функционира и аптека, која е со сите одобренија и квоти од Министерството за здравство и Фондот.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем