За претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми и мнозинството членови не е спорно форсирањето на владејачката партија на јавниот сервис, туку тоа што Телма и 24 Вести објавиле анкета на агенцијата „Рејтинг“.
Иако на јавниот сервис за време на целата изборна кампања се објавуваа снимки за непосетеност на митинзите на опозицијата, за Трајчевски тоа не е непрофесионално, туку пренесувањето на анкетата на „Рејтинг“ на националните телевизии Телма и 24 Вести.
– За прв пат од осамостујувањето на Македонија и воведувањето на повеќепартиски систем е направен обид за изборна манипулација со гласачите преку презентирање на нереспектабилно истражување на јавното мислење, а со цел да се обезбеди изборна победа на телевизијата телевизијата Телма и 24 вести – изјави претседателот Трајчевски.
Овој предлог на Трајчевски влезе во извештајот за мониторингот за информирањето на националните радиодифузери за првиот круг од претседателските избори. Оваа одлука која ја прочита Трајковски беше донесена без гласање.
Членот на Агенцијата, Столе Наумов гласаше против донесувањето на овој извештај. За него, на извештајот му недостасува тон во известувањето, односно квалитативна квалификација.
– Извештајот на ОБСЕ покажа неизбалансираност при известувањето, а видливи беа и повторување на исти прилози на повеќе национални телевизии без наведување на изворите – изјави Наумов.
На неговото излагање му реплицираше претседателот Трајчевски кој му се обрати со зборовите: „Тоа е ваш став, јас мислам дека извештајот на ОБСЕ не е меродавен и дека треба да го прифатиме. Ако е така, не знам што барате во салата и зошто доаѓање на работа?“
Според Трајчевски, извештајот на ОБСЕ е субјективен, има наведено само два – три проценти, а останатото, како што рече, претставува збир на философски размислувања.
Петар Клинчарски