Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, денеска во име на Европската унија и третите земји, одговори на писмото што рускиот претседател Владимир Путин го испрати минатата недели во врска со украинскиот долг за гасот од руски Гаспром, поради што е можно запирање на овој енергенс кон поранешната советска република, а со тоа и кон Европа.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во својот одговор до писмото на Путин, кое меѓудругото беше испратнео и до Владата на Република Македонија, Баросо вели дека “Европската унија се согласува со предлогот за консултации со Руската Федерација и Украина во однос на безбедноста на снабдувањето со гас и неговиот транзит”.
– Ние веруваме дека овој пристап им овозможува на повеќето корисен процес со Руската Федерација и други трети страни, со оглед на тоа што овие прашања се однесуваат на земјите-членки, како и на работењето на единствениот пазар на Европската унија и ја допира заедничка надлежност на Европската унија. Како што укажувате, ЕУ и Русија се главните трговски партнери на Украина, но дозволете ми да повторам дека затоа е потребно да се обезбеди долгорочна политичка и економска стабилност на Украина, како клучен интерес на Европската унија и на Руската Федерација, што е наведено во вашето писмо. Затоа, наш заеднички интерес е брзо да започнеме разговори кои ќе ја вклучуваат Украина – наведува челникот на Еврокомисијата на почетокот од писмото.
Според Баросо, сепак, официјален Брисел не ја дели оценката на Путин за трговските односи меѓу Украина и Европската Унија и дека, во голема мера, кризата во економијата на Украина е предизвикана од неурамнотежената трговија со земјите-членки на ЕУ. Во овој поглед, Баросо споменува дека програмата за помош предводена од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе биде од витално значење за стабилизирање на украинската економија. Тој вели дека “успехот на програмата предводена од ММФ ќе зависи и од посветеноста на Украина кон меѓународни обврски и реформските напори и соработката со сите нивни меѓународни партнери”.
– Европската унија, заедно со своите меѓународни партнери, во рамки на планираниот пакет за помош на ММФ, веќе обезбедува значајна поддршка за Украина и нејзиниот народ преку значителна макро-финансиска помош, великодушни трговски преференции и разни други мерки за помош усогласени со украинската властите – потанцира Баросо.
Според претседателот на неформалната Влада на Унијата, во однос на енергијата, односите мора да се базираат врз основа на реципроцитет, транспарентност, правичност, недискриминација, отвореност кон конкуренцијата и континуирана соработка за да се обезбеди ниво на полето за играње за сигурно и безбедно снабдување и транзит на енергија. Во овој контекст, тој напоменува дека ЕУ ја признава потребата за структуриран и сеопфатен дијалог во случајот со снабдување со природен гас и транзит, што е особено ургентно. Барозо потенцира дека прашањата во врска со долговите за гас и увозните цени треба да се сметаат заедно со нивните надворешни финансиски потреби во однос на ММФ и сите други релевантни меѓународни партнери. Челникот на ЕК вели дека соработка меѓу Европската унија и Руската Федерација во областа на енергетиката е врз основа на заедничките интереси, па соодветно на тоа, дека тој гледа два клучни елементи на тековното прашање, од кои прв е договорната веродостојноста на Руската Федерација, како снабдувач на гас е доведна во прашање во врска со ова.
– Во Вашето писмо, не упатувате на големиот долг на “Нафтогас Украини” како договорна причина за Гаспром да се префрли на режимот на плаќање однапред, кој во отсуство на плаќање би можел да доведе за Гаспром, делумно или целосно, да престане со снабдувањето на гас во Украина. Таков развој е причина за сериозна загриженост што носи опасност од прекин на услугата кон Европската унија и другите земји-партнери и да влијае на складирањето на гас во Украина за испораките во наредниот зимски период. Во однос на испораките на гас за Европа, би сакал да потсетам дека договорите за снабдување се меѓу европските компании и Гаспром. Затоа, истото продолжува да биде одговорност на Гаспром да обезбеди испораки на потребните количини како што е договорено во договорите за снабдување – дециден е Баросо во писмото до рускиот претседател.
Според претседателот на Комисијата, ЕУ во неколку наврати изјавила дека очекува комерцијалните оператори од сите страни да продолжат со почитување на договорните обврски и заложби и дека останувањето доверлив добавувач е јасно во интерес на Руската Федерација, во светлина на меѓународните случувања на пазарот на гас.
– Со оглед на тоа што испораките на ЕУ и на Украина се тесно поврзани, ние сме подготвени да разговараме со сите засегнати страни како овие договорни обврски да се исполнат врз основа на пазарните цени, правила и меѓународното право, што е случај во Европската унија, но и како да се осигура дека транзитот преку Украина, складирањето на гас во оваа земја и снабдувањето да се направи на транспарентен и сигурен начин – вели Баросо.
Како втор пример, а во однос на снабдувањето со природен гас во Украина, челникот на Еврокомисијата вели дека долгорочно решение кон функционален европскиот пазар на гас може да биде само задоволително преуредување на транзитните односи преку Украина, како и реформа на пазарот на енергетскиот систем на Украина и врз основа на правен и економски начин и транспарентен режим. Во контекст на актуелната криза, тој смета дека решенија за двете руски тврдења во врска со краткорочните долгови и долгорочните механизми, вклучително и на цената на гас и условите на снабдувањето со гас, треба да се реши низ посветени преговори и низ достапните правни механизми.
– Повторуваме дека промените на договорниот аранжмани заради политички околности, би биле спротивни на духот на поддршка и соработка содржани во вашето писмо. А, во врска со упатувањето во вашето писмо за можноста во целост или делумно да престанете со испораката на гас во случај на понатамошно наводна повреда на условите на плаќања од страна на Украина, ние силно ве поттикнуваме да се воздржите од таквите мерки, што ќе создадат сомневање да гледаме на вашата подготвеност како доверлив добавувач на гас за Европа – предупреди Баросо.
Претседателот на Комисијата потсети и на Механизмот за рано предупредување кој беше формиран меѓу Европската унија и Руската Федерација, по гасната криза во 2009 година, обновен во 2011 година. Барозо истакна дек во случај на вонредна ситуација, овој механизам треба да се активира пред да превземете какви било унилатерални чекори. Во прилог на овој механизам, тој вели дека во ЕУ се подготвени да бидат домаќини на трилатерални консултации со Руската Федерација и со Украина. Според него, предложените консултации треба да помогнат да се избегне екстремно сценарио и да се заштити безбедноста на снабдување и транзит, а во исто време создавање на потребните услови за структурирана соработка, вклучително и модернизација на системот за транзит на гас на Украина.
– Во оваа смисла, ние сме длабоко загрижени од едностраната одлука донесена од страна на Руската Федерација да не се применува договорот од Харков во 2010 година. Таквите консултации не треба да ги ослободат економските оператори од исполнување на договорните обврски и на тој начин треба да се спроведат без предрасуди кон комерцијалните преговори – потенцира Барозо.
Според првиот човек на Еврокомисијата, комесарот за енергетика Гинтер Ојтингер е подготвен за решавање на овие прашања со своите руски и украински колеги веднаш, во близок контакт со земјите-членки, па дека наскоро ќе ги контактира своите колеги да организираат првата средба.
– Убеден сум дека со разгледување на конструктивни заеднички решенија и дејствија, дека ние може да најде решение за актуелната криза – ќе наведе на крајот првиот човек на неформалната Влада на Европската унија.