Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска на 30 граѓани им врачи решенија за легализација.
Обврската што ја превземавме, рече Жерновски, ја исполнуваме во целост и повеќе од ветеното.
„Претходните 2 години, до 2013-та, во просек се издавале по 620 решенија годишно. За овие 11 месеци, по доаѓањето на новата општинска гарнитура, од мај 2013-та до април 2014-та издадени се 910 решенија за легализација.
– Ќе продолжиме со ова темпо бидејќи овие работи се од животно значење за жителите на Центар“, рече Жерновски.
Општината, посочи Жерновски, е отворена за граѓаните на Центар.
За секој проблем или идеа тие можат да дојдат и да поразговараат и со него и со надлежните општински служби.
Граѓаните се задоволни што по долги години е решен нивниот проблем со легализацијата и што решенијата ги добија токму пред големиот христијански празник Велигден.
Освен решенијата, симболично, во очи на големиот празник Велигден, градоначалникот освен решенија за легализација, им подели и по едно велигденско јајце.