Учениците во Србија на часовите по физичко воспитување ќе учат како да се одбранат во случај на сексуално насилство.
Во организација на „Инцест траума центарот“ осум наставници по физичко воспитување се обучени да ги оспособат учениците да го намалт ризикот и да се спротистават на сексуален напад користејќи ја вештината на реално аикидо.
Обуката на учениците ќе се одвива на часовите за физичко воспитување.
Според Советот на Европа, секој петти млад Европеец до 18 година бил жртва на сексуално насилство. Канцеларијата на Советот на Европа во Србија соопшти дека ја поддржува иницијативата темата за заштита од сексуално насилство да се воведе во училиштата.