Металург ја одбрани ракометната круна во Македонија и ја освои вкупно петтата титула во историјата, откако вечерва во СРЦ „Кале“ го победи лутиот конкурент Вардар со 20:16 (10:7) и со шест бода разлика ја заврши сезоната пред црвено-црните.
Ова е пета титула за Металург во домашното првенство, додека Вардар остана на седум трофеи.
„Шампионската титула ни беше најбитна сезонава. Петтата титула е во нашите витрини и сигурен сум дека нема да ни биде последна. Во Лигата на шампиони влеговме во Топ-16, но повторувам, најважно ни беше да бидеме први во Македонија“, кажа Ристо Чокрев, претседателот на Металург Ристо Чокрев, по мечот.
По натпреварот, Филип Миркуловски беше прогласен за најдобар играч на шампионатот, а неговиот соиграч Дарко Станиќ го доби признанието за голман број еден.