54-годишен жител на Тетово синоќа во алкохолизирана состојба пукал неконтролирано по околните згради и по случајните минувачи.
Според полицијата жителите на Тетово во еден часот после полноќ исплашено пријавувале дека непознато лице со пиштол пука на сите страни на улицата „180“.
Полицијата веднаш пристигнала и кај тетовчанецот пронашле пиштол и една испукана чаура од пиштолска муниција, по што бил приведен во станицата во Тетово.