Двајца родители се осудени на затворска казна откако своето 18 месечно бебе го оставиле повеќе од 16 часа затворено во автомобил, врзано за своето помошно детско седиште. Малечкото девојче дехидрирано и прегладнето починало.
Американските власти тврдат дека родителите Кимберли и Џејкоб Ташлер го оставиле девојчето без храна и вода 16 часа и поради тоа, мајката ја осудиле на 14 месеци, а таткото на 11 месеци затвор.
Иако мајката на суд плачела и тврдела како се наоѓа во тешка состојба и поради тоа побарала и стручна помош, судските власти не веруваат дека таа е невина. Тврдат дека малечкото дете било занемарувано и предходно бидејќи кога неколку недели предходно било донесено на редовен лекарски преглед тежело едвај 5,8 килограми.
Спружниците Ташлер, имаат уште две други деца, кои по семејната трагедија се одземени од родителите и дадени на чување во дом – семејство.