Вработените во „Ремонт на пруги“, фирма која произлезе од Македонски железници продолжија со протестите пред владата, откако , како што велат не е исполнето ниту едно ветување што владините претставници им го дале на средбата пред дваесетина дена.
Тие и понатаму бараат да се раскине купопродажниот договор со фирмата од Бања Лука, враќање на „Ремонт на пруги“ во состав на Македонски железници, и исплата на 12 заостанати плати.
Најавија можна радикализација на протестите со блокада и на железничкиот сообраќај доколку владата не им помогне.