Шок во село Србица, вчера биле пронајдени безживотни тела на брачен пар, иселеници во Америка.
Најверојатно се работи за убиство, телата се дадени на обдукција и се расветлува случајот.
Според првичните полициски информации, телата на 69-годишните И.И и С.И., се најдени вчера попладне, а на двајцата починати старци им биле врзани рацете и нозете со алишта.
Соседите ги нашле телата кога отишле да видат што се случува со нивните соседи. Сопружниците живееле во Соединетите Американски Држави, но секоја година преку лето доаѓале во родното Србица.