Организаторите на националниот американски фестивал за пилешки крилца објавија дека Џои Чешнат изел рекордни 191 пилешки крилца за 12 минути.
Рекордот е соборен вчера, на 2. септември за време на годишниот фестивал во Бафало, Њујорк. Претходниот рекорд од 183 крилца, минатата година го постигна Соња „Црна вдовица“ Томас.
Ова му е вторпат да го освои првото место на ваков натрпевар во јадење годинава.
Чешнат го освои шестиот шампионат на јадење хот-догови, при што на 4. јули годинава изеде 68 виршли за 10 минути.