Седумнаесет лица, меѓу кои има и Македонци, се најдоа во затвор, затоа што фалсификувале документи.
Според чешката полиција, групата фалсификувала пасоши, дозволи за престој, возачки дозволи, лични карти и други документи.
Истрагата во акцијата „Покер“ траела 18 месеци. Во групата фалсификатори, освен македонски, има и албански, чешки, бугарски, украински и египетски државјани.
За овој скандал под истрага се и функционери на чешката полиција.
„Од запленетите документи се гледа дека членовите на оваа група биле специјализирани во вршење измени на постојните документи, но и производство на нови“, тврдат од чешката полиција.
Документите биле исклучително квалитетни, а цената била 1.800 евра од документ.