Црвенковски: Вистинските поскапувања допрва не очекуваат

Од:

Вечерва повторно ќе видиме како на нивните медиуми, на Сител и Канал 5, ќе кажат дека „на митингот на СДСМ се собраа едвај 500 луѓе“. Па само толку разочарани вмровци има на плошатдот. Се лажат ли самите себеси, се храбрат себеси? Има зашто да се плашат си ги знаат своите гревови, а имаат и од кого да се плашат. Знаат дека народот не им се плаши повеќе и дека ќе треба да се соочат со народот. Вака се обрати на митингот во Кавадарци, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Црвенковски рече дека и самата власт признава дека една третина од населенито живее под прагот на сиромаштијата. Поскапувањата на лебот од 25 насто, на млекото 40 насто, на шеќерот 40 насто, се ништо според него, зашто вистинските поскапување на цените допрва не очекуват.

„За 4, 2 насто е намалена просечната плата . Македонија е земја на невратени кредити и на блокирани сметки, 140.000 сметки се блокирани“, рече Црвенковски.

Според него најважното прашање кое се поставува е каде се парите на овој народ?

„Груевски сам кажа дека не граделе автопати зашто граѓаните не ги користеле. Па што сме ние птици па летаме преку планини? Да не се инвестираше во нови енергетски објекти кои никаде ги нема? Ја укинаа евтината тарифа, а со образложение дека е висока цена на увезената струја. А зошто увезуваме струја? Македонија ги покриваше сите свои потреби а сега секоја година се повеќе увезуваме по се поголема цена. Е затоа сега вашите сметки ќе бидат изгор во септември“, рече лидерот на СДСМ.

Тој кажа дека ситуацијата во сите области е катастрофална, се е уназадено и нејасно е за што се потрошени милијарди.

„Дали имаме подобро здравство, подобри лекови? Па Македонија има најголема смртност на новороденчиња, денес луѓе умираат зашто немаат пари операција да платат, немаат пари лек да купат. Имаме министер за здрватство „девојка за се“. Се знае, само за здравството ништо не знае, здравството пропаѓа луѓето со живот плаќаат“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он