Георгиев:Владата живее во стаклено ѕвоно

Од:

„Бензинот, нафтата, цените на прехранбените продукти, парното греење во поголемите градови и така натаму и тоа се случува поради погрешната политика на оваа Влада.Ние од секој град слушајќи ги маките на граѓаните ја праќаме истата порака, односно нашите предлози како да ги раши тие проблеми. Преку намалување на акцизата и разни други елементи има начин да се решат проблемите на граѓаните, порача од Кавадарци, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Оваа Влада, рече,  живее во стаклено ѕвоно, не знае со какви проблеми се соочуваат граѓаните и не сака да се лиши од своите добивки во буџетот. Помило им е, констатита Гепргиев,  да прават споменици, реклами, помило им е да трошат пари на глупости, отколку да ги решат егзистенцијалните проблеми на нашите граѓани.

„За нова енергија на Кавадарци, кој што навистина живее во сиромаштија предлагаме млад човек, ентузијаст, кој што притоа има искуство како четиригодишен советник во Советот на општина Кавадарци и јас сум длабоко убеден дека тој со неговата енергија и знаење што ќе ги внесе, ќе биде идниот Градоначалник на општина Кавадарци.Јас во името на Социјалдемократскиот сојуз ги поканувам сите граѓани на Кавадарци и околината да дојдат во 20:30 часот да го промовираме нашиот кандидат за Градоначалник на Кавадарци, Бетиан Китев“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација