Орцев и Даскаловски го посетија здружението за теслесно инвалидизирани лица „Мобилност“

Од:

Кандидатите за пратеници од Струмица Марјан Даскаловски и Панче Орцев ги презентира мерките за подршка на лицата со посебни потреби опфатени во програмата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Тие потенцираа дека како нова влада и идни пратеници ќе направат стрикна примена на законска рамка за секоја институција да има урбанистичко решение за пристап на лицата со посебни потреби. Во периодот од четири години ветија дека ќе се спроведат рампи во сите училишта, како и зголемување на бројот на вработени дефектолози со цел вклучување на учениците со посебни потреби во редовната настава.

Панче Орцев истакна дека ќе се подобрат и условите за студирање на лицата со инвалидитет на сите универзитети во републиката. Кандидатите за пратеници од СДСМ потенцираа дека е потребно да се излезе во голем број на претстојните претседателски и парламентарни избори со цел да се случат новите промени што ги најави Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата