Кои се тајните имиња за американските претседатели?

Од:

Тајната служба на САД користи шифрирани имиња за претседателите, првата дама и останатите еминентни личности и места. Целта е од безбедносни причини, а нивната употреба датира од времето кога електронските комуникации не биле рутински шифрирани. Тајните имиња денеска служат само за брзо и јасно разбирање но и поради традицијата. Кодираните имиња ги смислува Агенцијата за комуникации на Белата куќа која е основана во времето на Френклин Рузвелт.

Тајното име на Мит Ромни е „џавлин“ (копје) како што се викаше возилото на Американ Моторс каде неговиот татко беше директор.

Барак Обама кога му го дале списокот со имиња кои почнуваат на „Р“ го избрал името „Ренегејд“(одметник), а неговата сопруга Мишел „Ренесанса“. Ќерките Малија и Саша станале „Редијенс“ (сјај) и „Роузбад“.

Џон Кенеди-„Копјаник“ (лансер) добро се сложувал со темата Камелот, дворот на Артур, како и со ликот на Ланселот, витезот на кралот Артур и голем женкар.

Ричард Никосон имал тајно име „Рефлектор“ што е иронично за претседателот кој падна поради аферата Вотергејт, која беше откриена кога на сред ноќ беа видени батериски лампи на агентите кои ги запалиле додека биле во просториите на Демократската партија.

На Роналд Реган одлично му одговара шифрираното име „Сирова кожа“ затоа што во младоста играл во вестерн филмови.

Кралицата Елизабета тајните служби ја препознаваат како „Китихок“. Организацијата на цивилно воздухопловство вака го нарекува транспортот на членовите на британското кралско семејство и владата.

Принцот Чарлс е познат како Јуникорн (еднорог), Френк Синатра како Наполеон а Антонио Бандерас има тајно име Зоро. Дејвид Кемп го нарекуваат „кактус“, а седиштето на FBI е (Корк)

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија