Британија по 20 години ќе биде држава без пушачи?

Од:

Активисти на движењето против пушењето и група угледни британски лекари, денеска покренаа кампања, Велика Британија до 2032 година да биде држава без пушење. Според учесниците во кампањата, цигарите треба да бидат уште поскапи и многу повеќе општествено неприфатливи, за да може луѓето да продолжат да пушат.

Британскиот лекар Џон Бритон, кој е дел од кампањата, ја повика владата на премиерот Дејвид Камерон да ги подржи целите за кои се залагаат активистите против пушењето, инсистирајќи дека амбициите на оваа кампања се сосема реални. Во Велика Британија секоја година се намалува бројот на пушачите, при што се посочува примерот на Источна Англија, каде бројот на пушачите од 24,2 отсто во 2009 година, се намалил на 21,5 отсто минатата година.

Лекарите, сепак, тврдат дека како последица на болести предизвикани од пушењето и понатаму, секоја година во земјата умираат по 100.000 луѓе, додека 200.000 деца и млади луѓе се навлекуваат на пушењето. Британското државно здравство за лекување на пациентите, заболени од болести што ги предизвикуваат цигарите и тутунот, троши по 2,7 милијарди фунти, што активистите на оваа кампања сметаат дека треба да биде силен аргумет за поддршка што тие ја очекуваат од владата.

Учесниците во кампањата „Британија без пушење за 20 години“, објаснуваат дека тие не се залгаат за забрана, туку за уште поголемо поскапување на и онака мошне скапите цигари на британскиот пазар, за целосно отсуство на рекламите, како и за тоа тие да бидат тешко достапни за најголемиот број луѓе. Тутунската индустрија, која вработува многу луѓе и која учествува со висок процент во создавањето на државниот приход, остро се спротивставува на ваквата кампања, додека асоцијациите на пушачи тврдат дека им се загрозуваат нивните човекови права.

Би можело да ве интересира

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство

(ВИДЕО) Десничарски хулигани упаднаа и запалиjа хотел со баратели на азил во Англија

A1on