Петто обвинение за Санадер

Од:

Канцеларијата за сузбивање корупција и организиран криминал покрена и петто обвинение против екс хрватскиот премиер Иво Санадер која се однесува на аферата за деловната зграда во сопственост на поранешен пратеник на ХДЗ, Стјепан Фиолиќ која владата во 2009. година ја купи по нереално висока цена.
Освен Санадер, обвинети се и министерот за регионален развој Петар Чобанковиќ, поранешниот пратеник на ХДЗ Стјепан Фиолиќ, главниот директор на инженерското биро Младен Млинаревиќ.

Владата во 2009. година за 10, 7 милиони евра по двојно поголема цена од реалната,  ја изнајмила зградата во Загреб која претходно ја купила од поранешниот пратеник на ХДЗ за да се замаскира аферата.

Според хрватските медиуми, Чобанковиќ во истрагата признал се, и кажал дека се направил по барање на Санадер и дека го предупредил за огромната цена.
Медиумите тврдат дека се договорил  да признае се,  за да добие  една година казна затвор.
Поранешниот пратеник при апсењето во април годинава прво признал за продажбата на зградата по поголема цена,  но првично тврдеше дека парите останале кај него, а после дека по барање на Санадер му ги предал нему.

Тој кажа дека Санадер ги спакувал парите во дрвена кутија која што се користи за транспорт на месни призводи и дека Санадер се лутел бидејѓи не му го донел другиот дел од парите кои ги барал за лобирање во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Санадер за трите корупциски пресуди доби казна од 18,8 години затвор

А1он

Хрватскиот Врховен суд ја укина осудителната пресуда за Санадер за случајот Хипо

А1он

ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба

Ана Ололовска

ХДЗ казнета со околу 460.000 евра за случајот „Фими медиа“

Ана Ололовска

Санадер префрлен во затворот Реметинац во Загреб

Нов судски процес против Сандер и ХДЗ за „Фими медија“

Ана Ололовска