Револт од поскапувањата со „ѕвездено небо“

Од:

Младите прилепчани, се собраа синоќа на Маркови Кули, и симболично со палење на различни предмети за осветлување (запалки,мобилни телефони,ламбички и сл.) го изразија својот револт и несогласување од новите зголемени цени на енергенсите, посебно новата повисока цена на струјата.

Преку музика и дружба и со илјада запалени светилки правејќи „звезденото небо” младите кренаа глас против тешката економска ситуација, наспроти новите енормно повисоки цени на струјата и горивата.

За музичкиот дел на овој хепенинг беше задолжен бенд со акустични гитари кој што симболично ја надополни атмосферата на „забавата без струја”.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ