Грци ширеле детска порнографија.
Во координирана акција на грчката полиција, уапсени се лицата кои се сомничат за ширење на детска порнографија- јавуваат грчките медиуми.
Акцијата Тројански коњ траела шест дена, а уапсени се лица на возраст од 21 до 56 години.
Најмногу од уапсените се во Атина, а по едно лице е уапсено и во Солун, Ксанти, Јанина, Родос и Крит.