(ВИДЕО) Граѓаните револтирани: Не сакаат катна гаража кај Автомакедонија

Од:

Жителите на Центар револтирани велат дека нема да дозволат изградба на катна гаража кај Автомакедонија. На ова место, велат граѓаните, благодарение на урбаната мафија е планирано да никне катна гаража висока 29 метри.

„Дали се важни нашите животи или нивниот профит“ прашуваат жителите.

Денеска на нивна иницијатива се одржа средба со градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски. Тој им кажа дека битката продолжува за да не се дозволи да се реализра намерата за катна гаража со оглед дека на 20 метри има катна гаража која е полупразна.

„Иако рокот за издавање на одобрение за градба согласно Договорот за отуѓување на градежно земјиште истече во јули 2013 година, Министерството за транспорт за врски и Државниот правобранител застанаа на страната на оној кој доби дозвола за иградба на катна гаража“, рече Жерновски.

Градоначалникот на Општина Центар посочи дека ова не е дел од предизборното сценарио. Маката и овој голем проблем ги сплоти сите граѓани без разлика на партиската припадност.

Наместо висината од 21 метар која беше претходно ставена во ДУП-от сега дозволата е за 29 метри, и најверојатно наместо катна гаража тука ќе се изгради хотел. Притисокот, посочија надлежните од општината беше очигледен бидејќи шест инспекции досега биле пратени во општина Центар за да се изврши притисок и да се издаде одобрение за градба.

„Сега е јасно зошто е Шиповиќ во затвор и зошто 10 месеци МВР не ги пронаоѓа оние кои дивееја во општина Центар. Доколку не реагираме сега, следните чекори се одземање на ингеренциите на градоначалникот во областа на урбанизмот и кривична пријава. Да ја продолжиме битката, зошто граѓаните ова не го сакаат“, рече Жерновски.

Жителите велат дека нема да дозволат во нивното соседство да никне ваква грдосија. Му даваат поддршка на Жерновски и од понеделник секој ќе има право да поднесе индивидуален приговор.

„Доколку потклекнеме, тие ќе ни го одземат светлото и ветерот, нема да имаме никаква приватност, а со тоа и квалитет на живеење, велат дел од жителите на Центар.

zernovski3

zernovski2

zernovski1

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории