Горан Попов, кариерата ја продолжува на Островот во редовите на премиерлигашот Вест Бромвич Албион, а не во Стоук, кој беше најзаинтересеиран за неговите услуги.
Во завршницата на преодниот рок, македонскиот фудбалски репрезентативец ја парафираше едногодишната позајмица од Динамо Киев во редовите на клубот од Бирмингем чиј менаџер е Стив Кларк.
Попов денеска конечно добил работна дозвола без која не можеше да игра во англиското првенство и експресно се договори со челниците на ВБА кои одамна бараа решение за левата бековска позиција.
„Постојано потенцирав дека сме во потрага по уште еден дефанзивец и задоволен сум што го обезбедивме Горан. Тој е фудбалер чии настапи ги следев последните три години и дефинитивно знам што добиваме“, изјави менаџерот Кларк.
Нашиот интернационалец ги минал и лекарските прегледи и ќе го носи дресот со број 4, со што ќе му се исполни големата желба да настапува во англиската Премиер лига.