Најбогатата жена на светот порача работниците помалку да пушат и пијат

Од:

Австралиската мултимилијардерка Џина Ринехарт, наследничката на рудниците  Хенкок  и најбогата жена на денешницата,  на критичарите им препорача да поминуваат помалку време за пиење.

Во колумна во едно списание, сопственичката на 30,1 милијарда американски долари , напиша: “Нема монопол во процесот на станување милионер.  Ако сте љубоморни на оние кои имаат повеќе пари, немојте само да седите и плачете. Сторете нешто , помалку време минувајте во пиење, пушење, или дружење, и повеќе  работите. Треба да работите, да инвестирате, и да создавате можности за вработување за другите ”

Изгледа Џина го заборави фактот дека таа има наследено богатство,  а не заработено.

За  сиромаштијата ги обвини социјалистите и политичарите  насочени против бизнисот , Владата ја повика  да го намали износот на минималната плата  и даноците , освен ако не сакаат земјата да заврши  како Грција.

“Милионери и милијардери кои решиле да инвестираат во Австралија се всушност оние кои сакаат да им помогнат на сиромашните и на младите. Оваа тајна треба да се слушне далеку”, изјави богатата  девојка.

Сепак, нејзините зборови не наидоа  на одобрување кај  политичарите. Сите прашуваат на која планетат живее Џина?

За министерот за финансии Вејн Свон таквите коментари  се навреда за милионите работници кои секој ден одат на работа за да заработат  за живот за децата  и да ги платат сметките. Тој ја обвини дека води кампањи за заштита на сопствените интереси и против даночната политика  на владата, и дека сака да донесе профит на  рударството , не водејќи сметка за  загадувањето на воздухот.

Левичарскиата  Зелена  партија ја обвини дека се залага за   опасна политика, а нејзината  порака за бизарен коментар,  додавајќи дека таа е богата,  благодарение на семејството  и дека и е  лесно да каже дека   работниците со минимална плата треба да добијат дури и пониски плати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа