Три лица, вклучувајќи го и убиецот, загинаа во престрелката што се случи синоќа во трговскиот центар „Олд бриџ“ во Њу Џерси.
Нападот се случил околу четири часот наутро по локално време, додека вработените во продавниците ги полнеле полиците. Напаѓачот влегол во трговскиот центар во заштитна униформа целосно вооружени и почнал да пука, смртно погодувајќи две лица, при што полицијата веднаш интервенирала и го убила.
Присутните на местото веднаш започнале да бегаат во паника од напаѓачот, а очевидците велат дека сè изгледало како неодамнешниот масакр во Колорадо кога вооружен напаѓач уби неколку луѓе на премиерата на новиот филм за Бетмен.