Факултетот за менаџмент од Нови Сад , соопшти дека регионалната просветна инспекција, по преземената истрага, заклучила дека дипломата на претседателот Томислав Николиќ е валидна.
Како што пишува „Блиц“, нема одговор на нивното прашање, како Николиќ дошол до дипломата и како , можел да биде на две места во исто време.
Инспекцијата утврдила дека Николиќ ги положил сите 24 предмети.
„Блиц“ праша и зошто, како што е предвидено, досието не содржи фотографии, адреса и контакт телефон на студентот. Студентот Николиќ, изводот од матичната книга на родени, сведителството за завршено средно образование ги доставил со година дена доцнење.
И најважното , „Блиц“, поседува фотографии и има сведоци, дека Томислав Николиќ во 2004 година, во 16 часот во Нови сад полагал испит по информатика, а неполни два часа подоцна е фотографиран на митингот за подршка на кандидатот за градоначалник за Белград Александар Вучиќ.
Ако испитот е валиден, „Блиц“ заклучува дека Николиќ го положил за 120 минути и тоа со чиста десетка, чекал да му се впише оценката во индекс, отишол до Белград и успеал и да се фотографира.
Исто така , според „Блиц“, Николиќ полагал испити и во исто време бил и на партиски состаноци.
За „Блиц“ останува оторено и прашањето како Николиќ, успеал да добие услов за втора година, во периодот од 13-16 јуни 2005 година, во време кога одговарал на обвинението на Наташа Кандиќ дека е одговорен за воени злосторства.