Тадиќ ја напушта политиката, партијата му ја препушта на Ѓилас

Од:

Претседателот на Демократската партија, Борис Тадиќ  се повлекува од политиката.

Тадиќ нема да се кандидира за претседател на Демократската партија, а  раководството на партијата ќе го препушти на неговиот досегашен заменик, Драган Ѓилас, кој ќе биде единствениот кандидат за лидерската позиција. пренесуваат дел од српските медиуми.

Ѓилас е градоначалник на Белград.

На состанокот, на кој неодамна се сретнаа Тадиќ, Ѓилас и Пајтиќ било договорено како заменик на Ѓилас да се кандидира досегашниот потпретседател на партијата, премиерот на Војводина Бојан Пајтиќ.

Според договорот, на изборите демократите ќе изберат нови заменик-претседатели, а за сега сигурно е дека на овие позиции повеќе нема да може да сметаат сегашните партиски потпретседатели.

Програмата за изборното собрание ќе биде дефинирана на седницата на главниот одбор на партијата закажана за 8 септември.

Би можело да ве интересира

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски