Ка-дис: Поништената лицитацијата за полициски возила го загрози правото во државата

Од:

„Неоснована е аргументацијата на Бирото за јавни набавки за повторување на лицитацијата“реагира компанијата „Ка-дис“ која учествуваше и доби  на електронската аукција за набавка на 150 полициски возила .

„Објаснувањето дека е нападната апликацијата на истиот сервер, а со тоа е намален и протокот на системот, е комплетно непрофесионална од причина што на истиот сервер може да има десет апликации и онаа што е нападната да не функционира, но тоа не може да изврши влијание на останатите апликации на серверот и притоа да го намали протокот. Воедно нашата компанија во тој период наддаваше со конкуретните Ауромакедонија и Порше Македонија што се гледа и во јавното наддавање“, се вели во соопштението на „Ка-дис“.

Според оваа компанија, со поништувањето сериозно е загрозен системот за јавни набавки како и правото  државата.

Од „Ка-дис“, најавуваат  дека ќе ги употребат  сите правни мерки против ваквата одлука на Бирото за јавни набавки.

Пред неколку часа Бирото соопшти дека ќе овозможи повторување на електронската јавна аукција за набавка на возила за потребите на полицијат, бидејќи, поради технички пречки на системот, понудувачите биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата.

Kомпанијата „Порше Македонија“се пожали на тендерот за набавка на 150 полициски возила, на како најповолен понудувач б еше избрана фирмата „Kа-Дис“, односно возилата „сеат алтеа фритрек“.

Од „Порше Македонија“, кои конкурираа со автомобилот „шкода јети“, сепожалија дека во текот на електронската аукција системот бил блокиран и пет минути пред крајот поднеле пониска цена од „Kа-Дис“, но електронскиот систем не ја регистрирал.

 

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров