СДСМ: Кој му земал мито на Мите Јовановски за нафтениот бизнис?

Од:

СДСМ одговара на прозивките на ВМРО-ДПМНЕ и како што велат им даваат идеја за прес конференција не „за лаги и фикции“, туку за актуелни сомневања за реален криминал во Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

„Бидејќи многу сакаат да се повикуваат на изјави, интервјуа, им предлагаме да го погледнат интервјуто на Мите Јовановски, сопственикот на бензинските пумпи “МАКОИЛ“, дадено за денешното издание на неделникот “Фокус“.Овој бизнисмен кој важи за многу близок до ВМРО ДПМНЕ, во своето интервју признава дека му барале и земале мито за да можел непречено да се занимава со нафтениот бизнис и за тоа посочува неколку државни институции“, изјави Дарко Давитковски.

Мите Јовановски, велат, не е било кој бизнисмен, туку човекот на кој во изминативе шест години му беше овозможено да купи неколку атрактивни локации во центарот на Скопје, како што се катните гаражи кај Собранието на РМ, кај Универзитетската библиотека, кај Народната Банка и други.

„Ова скандалозно признание е повеќе од доволна причина, ВМРО ДПМНЕ да го испрати портпаролот Александар Бичиклиски пред МВР за да ги постави следните прашања:

-Кога Гордана Јанкуловска ќе ги превземе сите неопходни мерки за да утврди кој во државните институции му земал или му барал мито на бизнисменот Мите Јовановски за да тој може да се занимава со нафтен бизнис?

-Дали за да ги добие атрактивните градежни парцели во центарот на Скопје, Мите Јовановски морал да плаќа рекет?

-Кои функционери на ВМРО ДПМНЕ се вмешани во овој скандал?“, прашува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат