Зоолошката градина во Скопје доби нов жител, жирафа

Од:

Зоолошката градина конечно го доби новиот и долгоочекуван жител, жирафата.

По тој повод во понеделник ќе се одржи промотивен настан во Зоолошката градина, во чиишто рамки на посетителите и децата за прв пат, ќе им биде претставено новоизграденото живеалиште на жирафата, а воедно сите присутни ќе можат и да се запознаат со жирафата што е новиот жител на скопската зоолошка.

Живеалиштето за жирафата е донација од Градот Скопје, додека пак младиот мажјак – жирафата по име Орка, е донација од Орка Холдинг Групацијата-Фондација Илија Камчев.

Влезот во Зоолошката градина – Скопје, во понеделник, 3-ти септември, за сите посетители ќе биде бесплатен.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје