Фудбалскиот клуб Шалке, кој оваа сезона ќе настапува и во Лигата на шампиони, последниот ден од преодниот рок обезбеди значајно засилување.
Нов играч на екипата од Гелзенкирхен е холандскиот репрезентативец Ибрахим Афелај, кој пристигна од Барселона.
Овој 26-годишен фудбалер во кариерата има настапувано за ПСВ Ајндховен и Барселона, минатата сезона успешно се избори со тешката повреда на коленото, беше дел од репрезентацијата на Холандија, која неславно го заврши учеството на ЕП во Полска и Украина.
Тренерот на Шалке Хуб Стевенс добро ги познава квалитетите на Афелај, тие двајца соработуваа во ПСВ во сезоната 2008/2009.
Афелај оваа сезона во Шалке ќе настапува како позајмен играч.