Една од најдобрите македонски ракометарки на сите времиња, Индира Кастратовиќ, доби нов предизвик, ќе биде нов тренер на женската екипа на Вардар.
Таа на кормилото на „црвено-црните“ доаѓа на местото на Ристо Магдинчев, кој паралелно ја извршуваше и функцијата спортски директор, на која и понатаму останува. На Кастратовиќ ќе и помага Наталија Тодоровска, која и досега беше асистент–тренер.
– Добив голем предизвик, а секогаш кога ќе се фатам за работа, тоа го правам темелно. Амбициите на екипата остануваат исти, точно е дека не го правев јас тимот за годинава и не можам да кажам дали нешто ни недостига, но сметам дека имаме доволно млада и енергична екипа да се справи со сите предизвици“, вели Индира Kастратовиќ во изјавата за весникот „Дневник“.
Кастратовиќ и натаму ќе продолжи да работи со младинските категории, заедно со Милева Велкова и Лилјана Марковиќ, а досегашниот тренер Магдинчев ќе има административни обврски, односно ќе биде задолжен за трансферите во клубот и за работата на тренерите