Култниот глумец и режисер Клинт Иствуд се појави на Републиканската Конвенција во Тампа како поддршка на претседателскиот кандидат Мит Ромни.
„Валканиот Хари“ одржа говор на преполниот стадион во кој остро го нападна актуелниот претседател Барак Обама. Тој рече „Ноќта кога победи Обама, многу луѓе плачеа. Овде 23 милиони луѓе немаат работа. Е за тоа треба да се плаче. Срамота“,
Иствуд запрашал што Обама има направено за американците, додавајќи дека од секогаш бил против адвокат да биде претседател.
„Адвокатите секогаш се караат и балансираат помеѓу две страни. Можеби е дојдено време бизнисмен да стане претседател“, рече познатиот актер и режисер.
Оскаровецот рече дека луѓето за Холивуд размислуваат како средина на Демократите, но всушност има многу Републиканци кои заради својата конзервативна природа молчат за тоа.