32-годишен скопјанец со уште двајца пријатели вчера кај трговскиот центар Бисер во Скопје киднапирале 14 годишно девојче додека собирала пластични шишиња од контејнерите.
Нејзината мајка грабнувањето го пријавила во полиција и кажала дека ќерката била со три другарки кои посочиле дека грабнувачите ја ставиле во такси и заминале.
Полицијата за кратко време ги пронашло киднаперите и девојката кои биле сместени во напуштена куќа во близина на Железничката станица.
Грабнувачите кои исто биле малолетни ја зеле девојката за да му биде жена на едниот од нив. Тие ја малтретирале и држле девојката во куќата три часа.