Четворица бугарски државјани се уапсени во главниот град на Уганда, Кампала поради повлекување на пари од банкомати со фалсификувани банкарски картички.
При апсењето на бугарските државјани, кај нив биле проинајдени 45 фалсификувани картички и листа со 45 пин кодови.
Се претпоставува дека приведените повлекувале пари од четирите локални банки.
Сеуште не се наведува колку пари успеале да повлечат приведените Бугари.