„Исак“ ослабна до ниво на тропска депресија

Од:

Атмосферската појава „Исак“ вчера ослабна до ниво на тропска депресија, откако пред тоа од дождовите што ги зафатија југоисточните делови на државата Луизијана беа предизвикани поплави.

Максималната брзина на ветрот вчера достигаше околу 58 километри на час, а се очекува таа уште да се намалува.

Во вторникот „Исак“ навлезе во Луизијана како ураган од прва категорија.

Околу 60.000 лица вчера беа евакуирани во Луизијана заради опасност од уривање на брана на вештачко езеро на реката Тангипахоа, што се наоѓа во соседната држава Мисисипи. Вештачкото езеро е на околу 160 километри од Њу Орлеанс, кој, меѓутоа, не беше доведен во опасност.

Њу Орлеанс не настрада од „Исак“, а опстојаа и насипите по реката Мисисипи, изградени по големите поплави во градот за време на ураганот Катрина, пред седум години.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски