48-годишната Линда Сирис го роди својот внук. Таа, како сурогат-мајка, го „носеше“ бебето на својата ќерка, која не смеела да забремени, бидејќи имала проблеми со срцето.
Мејден Хеберт, тежок 3 килограми и 570 грама, на свет дојде со царски рез, во присуство на својата мајка, Анџела Хеберт.
Мајката на Анџела, и кажа на својата 25 годишна ќерка, дека таа ќе го носи бебето ако биде потребно.
Јајце-клетката на Анџела, оплодена со сперма од нејзиниот сопруг Брајан, успешно е всадена во матката на мајката на Анџела, Линда.
Линда вели, дека за разлика од претходните 4 бремености, оваа била најлесна, без утрински мачнини и компликации.
„Тоа беше нивно дете. Јас само изнајмив простор“, изјави Линда.