Бетиан Китев ќе се трка за градоначалник на Кавадарци

Од:

Како што А1 веќе објави Бетиан Китев, влегува како фаворит на СДСМ во градоначалничката трка за градоначалник на Кавадарци.

И официјално, синоќа на општинската конференција на СДСМ Кавадарци, Бетиан Китев, доби едногласна поддршка.

Роден е 1985-та година, дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 2009-та година го продолжува образованието на Институтот за политичко-правни науки и комуникации одсек, политички науки.

Магистарскиот труд му е на тема „Финансирање на партии и изборни кампањи“.

Моментно е советник во Советот на Општина Кавадарци.

Китев ќе биде промовиран на митингот во недела во Кавадарци, а врвот на СДСМ овој викенд ќе биде во кавадаречко.

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација