Калиопи: Ја сакам Грција ама името на мојата земја е Македонија

Од:

Грчкиот портал gossip-tv.gr објави клип во кој грчки новинар се обидува да ја испровоцира нашата евровизиска претставничка Калиопи со прашањето: Зошто го употребувала името Македонија?

Нашата дива пак развеселена веднаш констатира дека новинарот е очигледно од Грција. Не дозволувајќи му да оди понатаму со политичките прашања, таа констатира колку многу ја сака Грција и грчката музика. Новинарот видно збунет продолжува да прашува: Зошто Калиопи го употребува името Македонија? Таа повторно во нејзин стил избегнувајќи да наседне на неговите провокации одговара: Јас знам дека името на вашата земја е Грција. Дали знаете дека на нашите свадби играме на грчки песни? – го прашува Калиопи. И за уште повеќе да го збуни новинарот, кој очигледно не очекуваше дека нашата Опи ќе биде толку пацифистички расположена, таа дури и започнува да му покажува како се игра на грчкиот мелос. На крајот сепак таа констатира дека името на нашата земја е Македонија и го замолува да не меша политика дури и на Евросонг, оставајќи го новинарот на нашиот јужен сосед да си збори „со ветерот“.

Но, кој губи има право да се лути. Грција која иако важеше за еден од фаворитите на годинешниот Евросонг заврши со пласман понизок од Македонија. Нашиот јужен сосед се пласираше на 17-тото место, додека Калиопи на 13-тото.

Грчката престставничка Елефтерија Елефтериу, која важеше за една од најубавите девојки на годинешниот евросонг, „извиси“ на долниот дел од евровизиската ранг скала.

Како по обичај, во балканското соседско „на ти го – дај ми го’’ гласање, изостанаа само Македонија и Грција, кои не си разменија ниту еден поен. Грција низ годините на Македонија и нема дадено ниту еден поен, додека нашата земја знаеше да и подели високи поени, игнорирајќи ја полтиката и ценејќи ја добрата музика.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ