Тајфун го погоди јужниот дел на Јужна Кореја и тоа само неколку денови откако во претходната бура загинаа или исчезнаа 20 луѓе.
Јужна Кореја издаде предупредување за тајфун во многу делови поради силниот ветер и големиот дожд кои ги носи „Тембин“.
Повеќе од 170 летови се откажани.
Осум рибари загинаа, а 18 се спасени. Новото невреме ја спречува понатамошната потрага по седум исчезнати рибари од два кинески бродови.
Се очекува тајфунот Тембин да се намали кога ќе стигне до Северна Кореја.
Повеќе од 170 луѓе загинаа во Северна Кореја во поплавите кон крајот на јуни, а десетици илјади домови беа уништени.